Connect with us

Шкендија го очекува ривалот во плеј-офот од Конференциската лига

Актуелниот првак Шкендија направи историја со пласманот во плеј-офот на Конференциската лига, станувајќи првиот македонски тим кој успеал да ја помине групната фаза во европските натпревари на УЕФА.

Тетовскиот тим заврши на 22. место на табелата, што значи дека во плеј-офот ќе се сретне со тим кој е на 11. или 12. место на табелата – односно со Лех Познањ од Полска или Самсунспор од Турција.

Извлекувањето е закажано за денеска во 13:00 часот, а натпреварите од плеј-оф фазата ќе се одиграат на 19 и 26 февруари. На првата средба Шкендија ќе биде домаќин.

Македонскиот претставник во својот дебитантски настап во ова натпреварување оствари резултат од две победи, едно реми и три порази.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови