Македонскиот прволигаш Шкендија сѐ уште нема именувано нов стратег по разделбата со Ќатип Османи. Иако многу блиску до промоција беше Ардијан Нухиу, сепак, се чини дека за клубот од Тетово се отвори нова опција.
Раководството на клубот влезе во преговори со Оргес Шехи, актуелниот тренер на албанскиот клуб Тирана и ќе го почека да донесе одлука дали ќе го преземе кормилото на Шкендија.
Оргес Шехи се уште има обврски со Тирана и во Купот на Албанија, во финалето ќе играат против Егнатија на 1 јуни. По ова, се очекуваат финалните преговори меѓу Шкендија и Шехи и конечна одлука околу новиот кормилар на тетовскиот тим.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski