Connect with us

Шкендија би можела да налета на Монако или на Брајтон, ако го елиминира Хибернијан во КЛ

Шкендија останува единствениот македонски претставник што и понатаму е во игра на европската сцена. Тетовскиот клуб успешно ги мина првите две квалификациски рунди во Конференциската лига на УЕФА, елиминирајќи ги Европа од Гибралтар и словенечки Браво.

Следната пречка за избраниците на тренерот е шкотскиот Хибернијан. Доколку Шкендија успее да го мине и овој противник, ќе биде само еден чекор до втор последовен пласман во групната фаза на Конференциската лига.

Во меѓувреме, тетовци денеска ќе го дознаат и потенцијалниот ривал во плејофот, под услов да го елиминираат Хибернијан. На денешната ждрепка Шкендија ќе биде меѓу неносителите, а според распределбата во групите, меѓу најатрактивните можни противници се францускиот прволигаш Монако и англискиот премиерлигаш Брајтон.

Ждрепката ќе покаже каков пат би можел да го чека македонскиот шампион во обидот повторно да обезбеди место меѓу учесниците во лигашката фаза на третото по ранг европско клупско натпреварување.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови