Шкендија Арачиново успеа да слави со 0-1 на гости против Победа во Прилеп, но од трибините во текот на мечот се слушаа навредливи извици на етничка основа, а по дуелот фанови искршија стакла во соблекувалната на гостите.
„Сцените што денес се случија на стадионот во Прилеп не наликуваат на фудбал и на спортскиот дух што треба да го претставува овој спорт. Она што се случи на трибините и околу теренот не се слики кои треба да се гледаат на еден фудбалски натпревар.
Расните навреди, провокациите и лошото однесување не му помагаат на спортот – напротив, го нарушуваат угледот на фудбалот, клубот и целото натпреварување. Како клуб, силно ги осудуваме овие срамни постапки што го загрозуваат достоинството и безбедноста на нашите играчи и навивачи.
Бараме од Фудбалската федерација да преземе соодветни мерки и да ги санкционира организаторите на овој натпревар, за во иднина да не се дозволат вакви инциденти.
Фудбалот е игра што обединува – а не разделува“, се вели во соопштението на Шкендија Арачиново.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова













