Connect with us

Шкендија Арачиново се засили со Зани Назифи

Шкендија Арачиново го промовираше Зани Назифи како ново засилување во офанзивната линија на тимот. Второлигашот добива брз и продорен напаѓач, кој треба да донесе дополнителна креативност и ефикасност во нападот.

Назифи, иако значително млад, зад себе има солидно искуство во македонскиот фудбал, откако настапуваше за Шкупи, а дебито во Првата лига го забележа со дресот на тетовска Шкендија, каде што се калеше против најсилната конкуренција.

Во Шкендија Арачиново очекуваат неговиот динамичен стил на игра и работната етика да донесат нов импулс во напаѓачките редови и да ја зголемат конкуренцијата во тимот. Не е тајна дека Шкендија Арачиново оваа сезона има високи амбиции и важи за еден од главните претенденти за промоција во ПМФЛ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови