Новиот прволигаш Шкендија Арачиново успеа да реши еден од големите проблеми за настап во елитната конкуренција. Арачиновци објавија дека постигнале договор натпреварите како домаќини да ги играат на стадионот Чаир.
”Со задоволство ве известуваме дека ФК Шкендија Арачиново постигна официјален договор со раководството на ФК Шкупи за одигрување на сите домашни натпревари за новата сезона на стадионот „Чаир“.
По тој повод, сакаме да му се заблагодариме на раководството на ФК Шкупи за коректноста и гостопримството, како и на градоначалникот на Општина Чаир, г-дин Изет Меџити, за поддршката пружена во реализацијата на оваа соработка.
На крајот, од сè срце му посакуваме успех на нашиот братски клуб, ФК Шкупи, и брзо враќање во македонската фудбалска елита – таму каде што припаѓа и каде што се наоѓа неговата историја”, објавија од Шкендија Арачиново.
Следната голема акција на клубот треба да биде пререгистрација во Акционерско друштво што исто така е еден од условите за настап во Првата македонска фудбалска лига.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













