Шкендија Арачиново и Тиквеш ги поделија бодовите играјќи 1-1 на тешкиот терен на Чаир. И покрај лошите услови за игра, актерите на теренот прикажаа солиден фудбал со високо темпо уште од самиот старт.
Домаќините успеаја брзо да го отворат резултатот кога искусниот Марко Симоновски погоди во шестата минута за водство од 1-0. Примениот гол го разбуди тимот од Кавадарци кој ја презеде иницијативата, па преку Лавал и Висдом Окере создаде неколку сериозни закани, но мрежата на Шкендија остана мирува до крајот на првиот дел.
Второто полувреме донесе уште поголеми возбудувања и шанси на двете страни. Лавал се закани со глава на стартот, но голманот Столевски интервенираше одлично, додека веднаш потоа на спротивната страна Стевковски спаси сигурен втор гол за Шкендија Арачиново по ударот на Нухија. И покрај пропуштените можности, Тиквеш продолжи со нападите, а офанзивниот пристап им се исплатеше во 76. минута.
По голема грешка на Керим во домашната одбрана, топката дојде до нововлезениот Лусианињо кој од непосредна близина ја смести во мрежата за израмнување на 1-1.
Во финишот од натпреварот Сила пропушти прилика за целосен пресврт, додека Шкендија успеа да го одбие налетот и да го сочува бодот до крајниот судиски свиреж.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум победи и на второто последовно дерби, славејќи против Шкендија Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Големите фудбалери се познаваат на големите натпревари. Струга Трим Лум успеа да ја победи...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Млади репрезентации
Хет-трик на Стефан Ристиќ, голема победа на Македонија У17 против Унгарија
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Интернационалци
Ѓоко Хаџиевски ќе биде нов тренер на Локомотив Софија?













