Тиквеш и Струга Трим Лум одиграа 2-2 во интересен натпревар во Кавадарци. Четири гола, убави шанси, пресврти. На крајот, освоија по еден бод.
Тренерот на Тиквеш, Оливер Богатинов, е задоволен од ремито, со оглед дека неговиот тим постигна погодок во финишот.
„Играме со четирите конкуренти за највисок пласман по ред и тоа е еден наш тест колку можеме да сме конкурентни со нив. Верувам дека добро парираме.
На Струга Трим Лум и дадовме два гола, а досега тие примија само три. Од тој аспект треба да бидеме задоволни. Мислам дека натпреварот беше со добар ритам, а момците го дадоа и последниот атом од силите. Гледачите на крајот можат да бидат задоволни“, изјави Оливер Богатинов, тренерот на Тиквеш
Бледи Шкемби, тренерот на Струга Трим Лум, смета дека неговиот тим го загуби ритамот при крајот од дуелот.
„Не почнавме добро, примивме гол, но потоа се вративме и направивме пресврт. Можеби заморот го направи своето, затоа што поминаа малку денови од дуелот со Силекс. На крајот паднавме со ритамот и примивме гол за 2-2. Сепак, реми против Тиквеш во Кавадарци не е лош резултат“, изјави тренерот на Струга Трим Лум, Бледи Шкемби.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













