Connect with us

Шешко со интересно откритие: Кариерата ја започнал како голман

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Бењамин Шешко, откри интересен детаљ од почетокот на својот фудбалски пат. Словенечкиот репрезентативец, кој е во одлична форма, призна дека ја започнал кариерата како голман, следејќи ги чекорите на својот татко, Алеш.

Во последната епизода на подкастот „Inside Carrington“, Шешко раскажа како дошол до одлуката да ја смени позицијата на теренот. Како дете во локалниот клуб Радече, тој првично облекол голмански ракавици, но брзо сфатил дека тоа не е неговото место.

„Се сеќавам како среде еден натпревар го погледнав татко ми и му реков: ‘Татко, ова е толку досадно. Немам што да правам на голот.’ Ми беше тешко да гледам како соиграчите играат напред, а јас не можам да постигнам гол“, вели напаѓачот.

Шешко додава со насмевка дека дури и како голман понекогаш ја земал топката, минувал низ целиот терен и постигнувал голови.

Неговата трансформација не се случила преку ноќ. Пред да стане напаѓач, тој поминал низ неколку други позиции. Покрај голман, играл и како централен дефанзивец.

Преобразбата се покажа како вистински потег. Шешко веќе има седум голови оваа сезона, вклучувајќи го и драгоцениот погодок за реми во судиското надополнување против Вест Хем во последното коло.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови