Манчестер Јунајтед повторно непријано ги изненади своите навивачи со реми на гостувањето кај Барнли (2-2) во 21. коло на Премиер – лигата.
Заминувањето на тренерот Рубен Аморим не донесе промена, бидејќи „ѓаволите“ повторно се мачеа во најголем тек од мечот.
Барнли го отвори резултатот со автогол на Ајден Хевен во 13. минута, најавувајќи дека нема лесно да се откаже од идејата за позитивен исход. Манчестер Јунајтед создаде неколку добри шанси, но на паузата замина со негатива од 1-0.
Во второто полувреме, „ѓаволите“ конечно живнаа. Бруно Фернандеш асистираше за Бењамин Шешко во 50. минута, а словенечкиот напаѓач комплетираше пресврт во 60. минута со прецизен погодок по одлична топка од Патрик Доргу.
Се чинеше дека Јунајтед ќе го заврши мечот со победа, но домаќините покажаа упорност и израмнија во 66. минута преку Џејдон Ентони, поставувајќи го конечниот резултат 2-2.
За Манчестер Јунајтед ова е третото реми во низа, додека Барнли со 13 бода останува на претпоследната позиција и ќе продолжи да се бори за опстанок.
Њукасл Јунајтед и Лидс Јунајтед одиграа возбудлив меч кој заврши 4-3. Тимот на Еди Хау трипати губеше во текот на мечот, но успеа да се избори за триумф.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно
Евро-фудбал
Фулкруг го разби бункерот на Лече
Евро-фудбал
Ливерпул сака да го купи Камавинга
Евро-фудбал
Лео Меси откри каде ќе ја заврши кариерата
Евро-фудбал
Баерн за едно полувреме го растури Лајпциг













