Македонскиот прволигаш Шкупи потпиша тригодишен договор со младинскиот репрезентативец Блертон Шеји. Тој ќе биде големо засилување за тимот од Чаир за настапот во квалификациите за Конференциската лига.
„По разговорите што ги водев со клупските челници, бев импресиониран од амбициите што ги имаат во иднина и оценив дека тоа е вистинскиот момент да се приклучам на проектот со надеж дека можам да му помогнам на клубот да ги постигне своите цели. Голема чест и задоволство за мене ќе биде да го носам дресот на Шкупи, а не ми преостанува ништо друго освен ветам и да ги уверам сите дека ќе го дадам својот максимум. Едвај чекам да играм пред навивачката група „Шверцери“, изјави Блертон Шеји по потписот на договор со Шкупи.
Блертон Шеји минатата сезона одиграшто 32 натпревари за Струга Трим Лум, реализираше две асистенции, беше столб во одбраната, но и голема помош за средниот ред. Тој е член на репрезентацијата на Македонија до 21 година.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski