Катарските сопственици се откажуваат од вложувањата во Пари Сен Жермен и планираат да го продадат клубот по Светското првенство што се одржува во нивната земја. Ова го тврди „Ел Чирингито“, шпанското телевизиско поу кое ексклузивно објави дека Лионел Меси од Барселона ќе се пресели во Париз. Наводно, шеиците решиле да го напуштат клубот, а меѓу нив и првиот човек на Насер Ал-Келаифи.
Ова се поврзува и со заминувањето на Килијан Мбапе кој е решен да го напушти ПСЖ и да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид.
Сепак, веста за заминувањето на сегашната сопственичка структура од ПСЖ брзо беше демантирана со став дека клубот воопшто не размислува за ваква промена и дека ситуацијата ќе биде иста и по завршувањето на оваа сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













