Војчех Шчешни сака да ја заврши кариерата во Јувентус и не е заинтересиран да си замине ова лето и покрај доаѓањето на Микеле Ди Грегорио.
Спортскиот директор на „бјанконерите“, Кристијано Џунтоли, почна напорно да работи пред почетокот на летниот преоден рок, сакајќи да ги оствари клупските цели.
Јувентус веќе се договори со Монца за Ди Грегорио, подготвен е да плати 18 милиони евра, плус 2 милиони евра како бонуси, за талентираниот италијански голман.
Сега „старата дама“ се надева дека ќе добие средства од евентуална преселба на Шчешни во Саудиска Арабија, но очигледно дека Полјакот има поинакви планови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













