Агентот на Војчех Шчешни, Џонатан Барнет, откри дека неговиот клиент е подготвен да потпише нов договор со Барселона.
„Лесно ќе постигнеме договор со клубот за продолжување. Тој е среќен во Барса и Барса е среќна со него, така што е лесно“, изјави Барнет.
Шчешни истакна дека е одушевен од Барселона.
„Прекрасен фудбал, тоа е она што ме возбудува кај Барса. Јувентус се фокусира главно на постигнување резултати, додека во Барса постои чиста, заразна радост во фудбалот. Не е изненадување што милиони фанови се под влијание на овој пристап“, изјави Шчешни.
Тој се врати од „пензија“ и се приклучи на Барса, откако првиот голман на Барселона, Марк-Андре тер Штеген, се здоби со тешка повреда.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар направи клучен чекор кон титулата, откако Шкендија се сопна и во Кратово. Брера...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Вардар со една рака веќе го држи шампионскиот трофеј откако во 30.коло го победи...
Автор makfudbal













