Connect with us

Шампионска соработка: Еден милион евра од „Новоматик Македонија“ за ФК Вардар

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар ја продолжи успешната соработка со генералниот спонзор „Новоматик Македонија“, потпишувајќи нов договор вреден еден милион евра.

Новото партнерство беше официјално потврдено на денешната прес-конференција, на која од клубот ја истакнаа важноста на поддршката што ја добиваат од компанијата во изминатиот период.

Капитенот на Вардар, Горан Закариќ, се заблагодари за довербата што „Новоматик Македонија“ ја покажала кон клубот во еден од најтешките моменти од неговото постоење.

„Во името на менаџментот, фудбалерите и навивачите сакам да изразам искрена благодарност до Новоматик Македонија, кои застанаа зад нас кога ја водевме најтешката битка – враќањето на довербата кај навивачите и пошироката јавност. Нивната поддршка беше од огромно значење за реализација на нашиот проект, кој резултираше со освојување на 12-тата шампионска титула во македонското првенство“, изјави Закариќ.

Вардар зад себе има исклучително успешна сезона во која го освои шампионскиот трофеј во Првата македонска фудбалска лига, со што обезбеди и настап во квалификациите за Лигата на шампионите.

Од компанијата истакнаа дека се особено горди што застанале зад најтрофејниот македонски клуб во периодот кога се соочувал со сериозни предизвици и кога започнувал процес на стабилизација и враќање на старите патеки на успехот.

„Во Новоматик Македонија, во чиј состав се светски познатите брендови Адмирал, Астра и Казино Фламинго, сме горди што ги поддржавме амбициите на ФК Вардар во моментите кога тоа беше најпотребно. Особено нѐ радува што нашата повеќегодишна соработка беше заокружена со освојување на нова шампионска титула. Денес, заедно со капитенот Горан Закариќ, со задоволство објавуваме дека светскиот лидер во индустријата на игри на среќа ја продолжува поддршката на актуелниот македонски шампион. Патот до успехот беше долг и исполнет со предизвици, но ние никогаш не престанавме да веруваме во овој проект. Убедени сме дека пред Вардар се уште многу спортски достигнувања и нови причини за гордост“, изјави Петар Пенчев, претставник на менаџментот на Новоматик Македонија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови