Германскиот бундеслигаш Шалке 04 го врати Клас – Јан Хунтелар во тимот до крајот на сезоната. Тој доаѓа како позајмен играч од холандскиот Ајакс во обид да му помогне на составот од Гелзенкирхен да обезбеди опстанок во елитата.
„Сакам да му помогнам на Шалке 04 да обезбеди опстанок во Бундес-лигата. Овој клуб и припаѓа на фудбалската елита во Германија. Ќе сторам се за да му помогнам да ја оствари целта до крајот на сезоната“, изјави 37-годишниот холандски напаѓач.
Тој во минатото има 126 гола и 35 асистенции за Шалке 04 на 240 натпревари. Го носеше дресот на Шалке во периодот од 2010 до 2017 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар се „лизна“ во Битола и освои само бод, а тоа го искористи Шкендија...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Мигел Пиреш (Силекс)
Силекс имаше доминантно издание во Кавадарци совладувајќи го Тиквеш на гости со 0-3. Тимот...
Автор makfudbal













