Струга Трим Лум не го започна најдобро пролетниот дел од првенството во Првата лига. Во првите три кола освои само еден бод, а денеска ја очекува дерби-дуел против Вардар. Можеби тимот ќе реагира против противник од највисоко ниво и ќе започне серија победи за повторно да се вклучи во трката за шампионската титула.
Така размислува капитенот Буњамин Шабани.
„Иако не стартувавме како што посакувавме, работевме напорно за да им се вратиме на победите и мислам дека дојде вистинскиот момент да почнеме да победуваме и да се вратиме на позитивните резултати“, вели капитенот Буњамин Шабани.
„Вардар е лидер на табелата и има квалитетни фудбалери, но и ние имаме одличен колектив што може да се носи со секој противник“, истакна „десетката“ на Струга ТЛ.
Шабани ја остави зад себе повредата што го оддалечи од терените во првите три кола. Неговото присуство на денешниот натпревар сигурно ќе претставува дополнителна сила за тимот, имајќи ги предвид неговите квалитети и искуство.
„Ги пропуштив првите натпревари поради повредата што ја добив во подготвителниот период, но сега тоа е зад мене и подготвен сум да го дадам максимумот и да му помогнам на тимот“, додаде Шабани.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Елиф Елмас!
Интернационалци
Елиф Елмас доби место во тимот на колото во Серија А













