Connect with us

Шабан Сулејман е нов тренер на Башкими

Македонскиот прволигаш Башкими за нов тренер го назначи Шабан Сулејман, кој до неодамна беше помошник-тренер во Работнички. Тој има искуство во Лирија Призрен, каде што придонесе за пласман на екипата во Суперлигата, како и во Беса Добридол, Гостивар и Шкендија Арачиново.

​Башкими претходно сподогбено ја прекина соработката со Гајур Реџепи, кој го предводеше тимот во првите две кола.

Башкими лошо ја стартуваше новата сезона, па новиот тренер ќе се обиде да ги подобри резултатите на кумановскиот тим.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови