Шпанскиот прволигаш Севилја заврши одлична работа во зимскиот преоден рок ангажирајќи го Алехандро Гомез за само 5 милиони евра. Тој ќе потпише договор до 2024 година, а ќе заработува 2,5 милиони евра по сезона во клубот од Андалузија.
Офанзивецот на Аталанта мораше да си замине од клубот поради жестоката кавга со тренерот Џанпјеро Гасперини. Имаше понуди од големите италијански клубови, но Аталанта стави вето на негов трансфер во конкурентите од Серија А. Оваа шанса ја искористи Севилја и успеа да добие квалитетен фудбалер за очигледно мала отштета.
Папу Гомез во наредните два дена и официјално треба да стане нов играч на Севилја.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













