Во официјалниот судиски извештај од натпреварот од 20. коло во Прва МФЛ меѓу Шкендија и Пелистер, евидентирани се повеќе сериозни безбедносни инциденти, информираат од ФФМ.
Во 57. минута од натпреварот, при прекин на играта поради вршење измена на играчи, од трибините биле фрлани предмети кон техничкиот простор, при што четвртиот судија бил погоден со паричка и запалка во пределот на раката.
Натпреварот беше кратко прекинат и продолжен по проценка на главниот судија.
Во извештајот се наведува дека кон официјалните лица се фрлани опасни предмети. Гаѓани со скалпел, сериозна закана по безбедноста на службените лица и учесниците во натпреварот.

Се поставува прашањето, што доколку судијата бил погоден од скалпел? Чија би била одговорноста во тој случај?
По завршувањето на натпреварот, надворешно лице влегло на теренот за игра и упатувало закани кон главниот судија и асистентот. Во тие моменти, дел од публиката започнала повторно да фрла предмети кон теренот, по што судискиот тим, кој веќе се упатил кон соблекувалните, бил принуден да се врати назад на теренот од безбедносни причини.
По влегувањето во подтрибинскиот простор, истото лице кое претходно упатувало закани ги чекало судиите пред судиската соблекувална и повторно трчајќи кон нив упатувало закани. Главниот судија побарал од присутните службени претставници, лицето да биде отстрането.
Според наводите во извештајот, директорот на клубот, Цуцули, изјавил: „Оставете го, тој е син на газдата“.
Понатаму, во извештајот се наведува дека било побарано од делегатот на натпреварот настанот да биде евидентиран во записникот, по што лицето се упатило кон излезот со цел да не биде идентификувано.
Сите овие настани се службено констатирани и ќе бидат предмет на разгледување и постапување од страна на надлежните дисциплински органи согласно важечките прописи.
Фудбалската федерација на Македонија ќе постапува согласно важечите прописи и нема да има отстапување во однос тоа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Елиф Елмас!
Интернационалци
Елиф Елмас доби место во тимот на колото во Серија А













