Connect with us

Сериозна повреда за Абрахам, ги скинал лигаментите и ќе паузира најмалку до ноември

Рома синоќа ја заврши сезоната со драматична победа од 2-1 над Специја со што обезбеди пласман во Лига Европа, но успехот донесе и многу лоши вести за Жозе Мурињо. Еден од главните стрелци на тимот, Тами Абрахам е тешко повреден и ќе отсуствува од терените до крајот на годината, пренесува „Газета дело спорт“.


Англискиот напаѓач влезе во игра вчера во 64. минута, на местото на Андреа Белоти, но издржа само околу петнаесет минути.

Абрахам сериозно ги оштетил предните вкрстени лигаменти на коленото и се очекува да биде надвор од терените најмалку до ноември.

По мечот, Англичанецот беше подложен на магнетна резонанца, со што беше констатирана сериозната повреда. Наскоро се очекува официјално соопштение од римскиот клуб за неговата состојба.

Тешката повреда на Тами Абрахам секако е голем удар за Рома, бидејќи клубот најверојатно ќе мора да бара нов напаѓач во летниот преоден рок.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови