Серхио Рамос не може да врзе два натпревари без да се повреди и постои страв дека телото не може да го следи ритамот и дека тој тешко ќе ја најде старата форма.
Француските медиуми потсетуваат дека Рамос пристигна повреден, а иако се опорави, продолжи да оди од повреда во повреда.
Рамос има проблеми со „сите мускули“, кога врзува два натпревари се повредува и тоа беше случај и во последната сезона кога го носеше дресот на Реал Мадрид.
Серхио Рамос одигра 17 сезони за Реал пред да дојде во Париз и неговиот квалитет е неспорен. Не пропушташе натпревари, немаше ротации за него, а во дуелите влегуваше како да се последни во кариерата. Веројатно тоа придонесе Рамос да не може повеќе физички да биде на истото ниво.
ПСЖ се надева дека Рамос ќе биде подготвен за реваншот со Реал Мадрид, но малкумина веруваат дека Покетино ќе ризикува со него во составот на ваков важен натпревар. Посебно што Маркињос и Кимпембе играат одлично и сигурно се почетниот тандем пред голот на „светците“.
Откако пристигна ова лето во Париз, Серхио Рамос има само четири настапи и вкупно само 283 минути.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар се „лизна“ во Битола и освои само бод, а тоа го искористи Шкендија...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Мигел Пиреш (Силекс)
Силекс имаше доминантно издание во Кавадарци совладувајќи го Тиквеш на гости со 0-3. Тимот...
Автор makfudbal













