Connect with us

Серхио Рамос е на чекор да стане косопственик на Севилја

Поранешниот шпански репрезентативец Серхио Рамос би можел да стане косопственик на својот матичен клуб Севилја. Легендата на Реал Мадрид ги здружил силите со група инвеститори кои се подготвени да ги откупат акциите на андалузискиот клуб.

Според информациите на шпанското „Радио Коп“, преговорите меѓу Севилја и еден американски фонд пропаднале, што довело до пад на вредноста на акциите. Токму во тој момент на сцена стапува Рамос.

Искусниот дефанзивец веќе испратил официјална понуда до акционерите за купување на клубот. Тој дејствува со поддршка на голема инвестициска група, која му ја доверила целосната координација и раководење со проектот.

Се нагласува дека сумата што ја понудил е највисока што главните акционери досега ја добиле, надминувајќи ги сите претходни понуди по обем и вредност.

Серхио Рамос е продукт на младинската школа на Севилја. За првиот тим настапуваше во периодот од 2004 до 2005 година, пред повторно да се врати во клубот за уште една сезона, во натпреварувачката 2023/2024.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови