Connect with us

Серафимов со Левски обезбеди плејоф за Лигата на шампионите

Левски Софија продолжува со европската авантура. Бугарскиот тим повторно славеше со 1-0 против Каират, овојпат на гостински терен, и со вкупни 2-0 обезбеди пласман во плејофот за Лигата на шампионите.

Левски на реваншот отпатува со минимална предност од првиот натпревар во Софија, но уште еднаш одигра дисциплинирано и не му дозволи на казахстанскиот тим да се врати во двомечот.

Гостите до водство стигнаа уште во 13. минута, кога Реиналдо ја затресе мрежата на Каират и практично го насочи натпреварот во посакуван правец за својот тим.

До крајот на средбата Левски успешно ја зачува предноста и заслужено се пласира во следната рунда.

Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов го одигра целиот натпревар и даде голем придонес во големиот успех на бугарскиот клуб.

Левски сега го дели уште само еден чекор од пласманот во главната фаза на елитното европско натпреварување.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови