Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов ги смири навивачите и порача дека неговата повреда не е толку сериозна како што првично изгледаше.
Дефабзивецот падна на раката на мечот меѓу Славија и Левски, по што неговиот зглоб мораше да биде имобилизиран, пред да биде пренесен во болница на дополнителни прегледи. Сепак, дефанзивецот подоцна се огласи на социјалните мрежи и порача дека ситуацијата поминала без сериозни последици.
„За среќа, сè помина добро и без поголеми последици, иако на прв поглед изгледаше страшно. Ви благодарам на сите за пораките и поддршката. Ве сакам! Се надевам дека ќе ве видам повторно на теренот што е можно поскоро. Голема победа денес! Само Левски“, напиша Серафимов.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Педро Нето останува во Челси до 2032 година













