Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер (88), и легендата на францускиот и светскиот фудбал, поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини (69), повторно беа ослободени од обвиненијата за корупција, одлучи швајцарскиот суд во Мутенц, близу Базел.
Речиси три години по првостепената ослободителна пресуда, Блатер и Платини повторно се најдоа пред судот во жалбена постапка, но и овојпат беа прогласени за невини.
Платини: „Ми ја вратија честа, но предоцна е за враќање во фудбалот“
„Десетгодишниот прогон од страна на ФИФА и одредени швајцарски обвинители конечно заврши. Сега е сè готово, а јас ја вратив мојата чест и сум многу среќен“, изјави Платини.
Тој додаде дека верува оти случајот бил начин да се спречи неговата кандидатура за претседател на ФИФА.
„Добив 10.000 пораки со поддршка, но сега сум премногу стар за повторно да се вклучам во фудбалот“, порача Платини.
Долгогодишниот судски процес завршува без осуда
Блатер и Платини првпат беа ослободени во 2022 година од понизок швајцарски суд, по седумгодишна истрага за исплатата од два милиони швајцарски франци (2,1 милион евра) на Платини. Швајцарското обвинителство поднесе жалба, што доведе до ново сослушување пред Вонредниот жалбен совет на Кривичниот суд во Мутенц.
Тие беа обвинети за измама, „нелојално управување“, „злоупотреба на довербата“ и „фалсификување документи“. Обвинителите тврдеа дека исплатата кон Платини била „неоснована“ и дека двајцата „вешто ги измамиле“ внатрешните контроли на ФИФА со лажни изјави.
Случајот го потресе светскиот фудбал и доведе до нивни суспензии. По нивното заминување, во февруари 2016 година за претседател на ФИФА беше избран Џани Инфантино, додека во септември истата година, Александар Чеферин ја презеде функцијата прв човек на УЕФА.
На денешната пресуда сè уште може да биде поднесена жалба до Сојузниот суд на Швајцарија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Јетон Беќири
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Интернационалци
Емотивно интервју: Стефан Ашковски за бегството од Иран (ВИДЕО)
Женски фудбал
Фудбалерките до 17 години поразени од Северна Ирска
Евро-фудбал
Клоп ќе биде тренер во Мадрид, ама не на Реал?!













