Шкендија Арачиново успеа да го победи Работнички со 3-1 и повторно го елиминира од Купот, овојпат на стадионот на Башкими за пласман во полуфиналето на најмасовното натпреварување.
Уште подраматично беше на стадионот на ФФМ. Во полуфиналето се очекуваше и Вардар, но мораше да игра на пенали и загуби, откако во регуларниот тек дуелот со Охрид заврши 1-1. Бобан Николов во 60.минута донесе водство на Вардар, но израмни Давид Матески во 91.минута.
Бобан Николов и Димитар Данев не реализираа удари од 11 метри, па Охрид Лихнидос победи со 3-4 и оди во полуфиналето.
Во Куманово, Дарио Десниќ постигна прекрасен гол со удар од далечина во 40.минута најавувајќи изненадување. Во вториот дел, Работнички остана со играч помалку поради исклучувањето на Никола Пејовиќ во 58.минута, а само две минути подоцна Владимир Жоглев зголеми на 2-0.
Во 64.минута Бесир Демири намали од слободен удар, но Шкендија постигна уште еден гол и го реши дуелот.
Последните два полуфиналисти ќе бидат познати утре и на 18.март.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Елиф Елмас!
Интернационалци
Елиф Елмас доби место во тимот на колото во Серија А













