Сенегал стигна до голем успех, освојувајќи ја втората титула на Африканскиот Куп на Нации со победа од 1-0 над домаќинот Мароко, по продолженија. Финалето беше исполнето со драматични моменти, со сцени што ретко се гледаат на фудбалски терени — спорен пенал на самиот крај и промашен удар од 11 метри на домаќинот ја одбележаа средбата.
Сенегал уште од стартот покажа дека ќе диктира ритам. Во шестата минута Папа Геје ја искористи шансата по корнер, но голманот Боно одбрани. Мароко едвај креираше опасности во првото полувреме, додека Сенегал беше поконкретен и поагресивен.
Првата вистинска шанса за Мароко дојде во 58. минута, кога Ел Каби шутираше покрај дирекот, пропуштајќи можност за водство. Натпреварот влезе во помирна фаза, сè до драматичните минути на судиското продолжение. Во 90. минута Езалзули шутираше над голот, а три минути подоцна Сек постигна гол за Сенегал, но судијата го поништи поради офсајд.
Во осмата минута од судиското продолжение во регуларниот дел, судијата досуди пенал за Мароко, предизвикувајќи хаос на теренот. Селекторот на Сенегал, револтиран, повлече радикална одлука и го повлече тимот од игра, но по убедување на Садио Мане, играчите се вратија.
Брахим Дијаз обиде со „паненка“, но голманот одбрани и следеа продолженија.
Déjà vu😭😭😭pic.twitter.com/y8XOqf1tV3 https://t.co/X1we5oTmR1
— AB⚕ (@AbsoluteBruno) January 18, 2026
Во продолженијата, дојде казната за Мароко. Во 94. минута Геје го постигна единствениот гол, донесувајќи радост за Сенегал. Мароко имаше свои шанси — Ен Несири во 104. минута шутираше покрај дирекот, а Шериф Ендиај промаши пред празен гол. Сепак, Сенегал го одбрани водството и на крајот го освои трофејот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Интер без Чалханоглу на дербито со Рома?
Евро-фудбал
Ајакс доби засилување од Премиер – лигата
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)













