Connect with us

Сенегал е првиот четвртфиналист на АКН

Фудбалерите на Сенегал направија прв голем чекор кон титулата, совладувајќи го Судан со 3-1 на дуелот во Казабланка и обезбедија место во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации во Мароко. Во полуфиналето ќе играат против подобриот од дуелот Мали – Тунис, кој се игра вечерва од 20 часот.

Сенегал, кој пред четири години ја освои титулата, а пред две години застана во осминафиналето по поразот од Брегот на Слоновата Коска, сега направи чекор подалеку. Сепак, сè уште има простор за подобрување, особено во одбраната.

Судан го шокираше фаворитот уште во четвртата минута, кога Абдалах со прекрасен удар го матираше Едуар Менди за 0-1. Но Сенегал брзо ја презеде иницијативата и го диктираше темпото на играта.

Изедначувањето дојде во 29. минута: Садио Мане асистираше, а Папе Геј со прецизен удар од 16 метри го погоди голот за 1-1. Пресвртот се случи во судиското продолжение на првото полувреме, повторно со гол на Геј, овојпат по додавање од Николас Џексон, за водство од 2-1.

Конечните 3-1 ги постави Ибрахим Ембаје од ПСЖ во 77. минута, кој искористи брзото додавање од Мане, влезе по десната страна и со прецизен удар од 10 метри ја заврши фантастичната контра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови