Connect with us

Семењо ќе се обиде да го „сопне“ Арсенал, а потоа ќе направи трансфер во Манчестер Сити

Извесно е дека најголемиот зимски трансфер во Премиер – лигата ќе биде преселбата на Антоан Семењо од Борнмут во Манчестер Сити.

Од четирите клуба кои покажале интерес за него, тој ги избрал „граѓаните“, и прашање е само кога ќе му се приклучи на тимот на Пеп Гвардиола. Јасно е дека ќе биде дел од екипата против Арсенал, а во Борнмут се надеваат дека би можел да настапи и на 7. јануари против Тотенхем.

Можеби и за самиот Манчестер Сити ова е многу поволна ситуација, бидејќи Борнмут со Семењо во тимот би бил значително посилен против Арсенал, кој се бори за титулата.

Тренерот Андони Ираола, зборуваше за иднината на својот напаѓач и нагласил дека ќе го користи против Арсенал.

„Семењо ќе игра против Арсенал. Ништо не е потпишано. Идејата, засега, е тој да биде во составот за следните два натпревари кои ги имаме во краток период. Се надевам дека може да остане уште некое време, но не знам што ќе се случува“, изјави Андони Ираола.

Манчестер Сити ја завршува документацијата околу неговиот трансфер, и најдоцна до 10 јануари тој би требало да стане новата опција во нападот на Пеп Гвардиола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови