Јануарскиот преоден рок во 2026 година сигурно ќе донесе неколку спектакуларни трансфери, а еден од играчите чиј трансфер ќе се следи е Антоан Семењо.
Семењо практично го освои вниманието на големите англиски клубови со своите одлични игри за Борнмут, и се чини дека дојде време тој да направи чекор напред во својата кариера.
Минатото лето, Семењо потпиша нов петгодишен договор со Борнмут, а клучно е што во договорот постои откупна клаузула.
Сумата е 70 милиони евра, а откупната клаузула може да се активира само во првите десет дена од јануарскиот преоден рок.
Станува јасно дека Семењо ги брои своите последни денови во дресот на Борнмут и дека од почетокот на следната година ќе го гледаме во дрес на друг клуб.
Според информациите што се појавија, Семењо веќе договорил лични услови со три од четирите клубови кои се појавиле на преговорите. Ливерпул, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед се подготвени да ги исполнат неговите лични барања.
Овие три клуба ќе имаат шанса во првите десет дена да ја активираат откупната клаузула од 70 милиони евра, иако во Борнмут се надеваат дека барем до летото ќе го задржат својот најдобар играч.
Доколку сите три клуба ја активираат откупната клаузула, тогаш изборот ќе биде на Семењо – да одлучи во кој од трите клуба сака да ја продолжи својата кариера.
Во тековниот дел од сезоната, Семењо одигра 15 натпревари за Борнмут, постигна седум голови и имаше три асистенции.
Семењо има 25 години, а неговата примарна позиција е десно крило, но добро се снаоѓа и на лево крило, како и во самиот врв на нападот.
Кариерата ја започна во младинскиот тим на Бристол, а потоа беше позајмен во Бат Сити и во Њупорт Каунти. Исто така, беше и на позајмица во Сандерленд, а Борнмут го купи во јануари 2023 година од Бристол за 10,25 милиони евра.
Како што стојат работите, Борнмут ќе има огромна заработка од него, но ќе мора да се прости од Семењо на почетокот на следната година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













