Шкотскиот гигант Селтик е сериозно заинтересиран за македонскиот репрезентативец Јани Атанасов. Преговорите со Хајдук Сплит се отпочнати, а набрзо се очекува и официјална понуда по која одличниот играч за врска би можел да се пресели во Шкотска. Доколку тоа се оствари, Јани Атанасов ќе биде вториот македонски репрезентативец кој летово ќе се пресели во Шкотска, по Бојан Миовски кој веќе тресе мрежи за Абердин.
Јани Атанасов лани имаше добра сезона за Хајдук Сплит, на одредени натпревари одигра блескаво, а неодамна постигна фантастичен гол на дербито против Динамо Загреб на „Максимир“.
Менаџерот Ангелос Постекоглу бара од раководството да доведе уште еден квалитетен играч за врска до крајот на летниот преоден рок, а по скаутирањето токму Јани Атанасов е во најтесен избор.
Атанасов има уште една година од договорот на „Пољуд“, па можна е и опција за едногодишна позајмица, со клаузула за задолжителен откуп следното лето.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski