Македонската репрезентација до 18 години ремизираше (2-2) против соодветната селекција на Албанија на првиот пријателски натпревар одигран на гостински терен во Сопот. Бехар Фета во 72. минута и Методиј Максимов во 81. минута беа стрелци на головите за македонската селекција.
Албанската репрезентација поведе во 15. минута, а претходно македонските фудбалери не искористија шанса за водство преку Марио Илиевски кој го погоди дирекот од голот на противникот. Во второто полувреме, Азер Омерагиќ асистираше до стрлецот на израмнувачкиот погодок Бехар Фета. Албанија од пенал во 78. минута стигна до 2:1, но само три минути подоцна, повторно по додавање на Омерагиќ, Методиј Максимов го постигна израмнувачкиот гол за Македонија.
Македонија настапи во следниот состав: Марко Алчевски, Филип Костовски, Алтрим Јакупи, Редон Камили, Горазд Стојменов, Александар Ѓурковски, Бехар Фета, Лука Станковски, Марио Илиевски, Димитар Тодоровски, Бесфорт Арифи. Уште играа: Омерагиќ, Терзиев, Николов, Максимов, Игњатов и Далипи. Селектор: Шкумбин Арслани.
Двете селекции утре ќе го одиграат вториот контролен натпревар на стадионот на ФК Сопот со почеток од 13 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум ја оствари најубедливата победа во осмото коло откако со 6-0 го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Марјан Радески (Струга ТЛ)
Потсети дека некогаш беше и македонски репрезентативец. И сѐ уште има раскошен репертоар на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Дани Карвахал ќе потпише за Хетафе
Евро-фудбал
Рафиња потпишува нов договор со Барселона
Млади репрезентации
Младите фудбалери поразени од Шведска













