Македонската репрезентација до 16 години го освои првото место на развојниот турнир на УЕФА кој се одржа во Скопје. Нашата репрезентација во конкуренција на Грузија, Азербејџан и Саудиска Арабија оствари максимални три победи. Селекцијата предводена од Горан Станковски последниот триумф од турнирот го запиша денеска во пресметката против Азербејџан со 2-1. Претходно, славевме против Саудиска Арабија (2-0) и против Грузија (2-0).
На последниот натпревар против Азербејџан, нашата селекција обезбеди водство од 2-0 веќе до полувремето, во 3. минута Дашмир Елези погоди за водство, а предноста ја удвои Рамис Беровиќ во 43. минута. Во второто полувреме пропуштивме две прилики преку Бехар Фета и Георг Стојановски.
„Самиот резутат зборува за нашиот настап на турнирот, презадоволен сум од нашето издание и од фудбалерите. Покажаа одговорност и дисциплина во играта. Противниците воопшто не беа наивни и мора да продолжиме во оваа насока. Генерално ја добивме нашата слика и за квалификацискиот турнир за Елитна фаза, иако имаме доволно време за мали промени и дополнување на составот, иако костурот на репрезентацијата веројатно веќе го имаме. Овие фудбалери покажаа дека знаат и умеат и јас се надевам дека во следниот период само дополнително ќе напредуваме“, изјави селекторот на Македонија, Горан Станковски.
Македонија до 16 години: Душан Герасимовски, Љавдрим Ибрахими, Филип Ѓорговски, Гордијан Христовски, Стојан Георгиев, Салих Муслиоски, Христијан Георгиевски, Емир Саитовски, Васко Глигоров, Рамиз Беровиќ, Дашмир Елези; Стефан Митрев, Борче Гогов, Абдулах Хасани, Грегори Давков, Октај Ракипи, Дарко Стојановски, Бехар Фета, Мартин Талаков, Георг Стојановски;
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Интер без Чалханоглу на дербито со Рома?
Евро-фудбал
Ајакс доби засилување од Премиер – лигата
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)













