Селекторот на Мароко, Мохамед Уахби, не го криеше разочарувањето по елиминацијата од Франција (0-2) во четвртфиналето на Светското првенство. Мароканскиот стратег се осврна на спорната ситуација при првиот гол на „триколорите“, но и ја анализираше играта на својот тим.
„Мора да признаеме дека игравме против исклучително силна репрезентација. Во првото полувреме имавме многу проблеми, но одбранетиот пенал на Боно нè одржа во игра. Во вториот дел се браневме многу подобро и бевме посмирени кога ја имавме топката во наш посед. Делувавме значително подобро. Во првото полувреме имав чувство дека некои играчи останаа без сила, но истите тие фудбалери одлично го отворија второто полувреме“, изјави Уахби.
Мароканскиот селектор посебно се задржа на акцијата што му претходеше на првиот погодок на Килијан Мбапе.
„Голот падна по една спорна ситуација. Некои од нашите играчи застанаа затоа што сметаа дека имаше игра со рака. Имаше контакт со рака, но не знам дали требаше да биде досуден прекршок или не. Потоа следуваше индивидуален потег на Мбапе, кој постигна гол. Тешко е да се прифати ваков пораз, но мора да продолжиме да веруваме и да работиме“, додаде тој.
На крајот, Уахби испрати порака дека Мароко ќе продолжи да го гради тимот за идните предизвици.
„Мора да продолжиме да работиме на темелите што ги поставивме. Треба да создадеме поширок избор на фудбалери, за да имаме квалитетни алтернативи кога ќе се соочиме со повреди или замор кај некои играчи. Продолжуваме напред и нема да застанеме тука. Исклучително сме разочарани, бидејќи посакувавме повеќе, но мора да го прифатиме овој исход“, порача селекторот на Мароко.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Реал Мадрид се фокусира кон Зубименди
Евро-фудбал
Манчестер Сити го претстави Херонимо Рули
Евро-фудбал
Барселона ја зголеми понудата за Родри
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













