Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Горан Станиќ го објави списокот со повикани фудбалери за натпреварите против Ерменија (10. октомври, „Петар Милошевски“, Битола) и против Црна Гора (14. октомври, Подгорица) од квалификациите за ЕП 2027.
На списокот на селекторот Станиќ се следните 23 фудбалери:
Голмани: Васко Василев (Работнички), Љупче Џеков (Силекс), Славе Вргов (АП Брера);
Одбрана: Давид Даилоски (Венло, Холандија), Андрија Димески (Вождовац, Србија), Андреј Аризанкоски (АП Брера), Анес Мелиќи (Шкендија), Ѓорге Џеков (Силекс), Нуман Ајетовиќ (Шкендија), Меметриза Хамза (Струга Трим Лум), Џезаир Авдули (Арсими);
Среден ред: Матеј Ангелов (Работнички), Шабан Зенку (Струга Трим Лум), Адриан Зенделовски (Олимпик, Шведска), Теодор Николовски (Работнички), Мартин Ѓоргиевски (Збројовка Брно, Чешка), Матеј Гаштаров (Црвена Звезда, Србија);
Напад: Михаил Талевски (Вардар), Димитар Данев (Вардар), Кире Стојанов (АП Брера), Мухамед Елмас (Македонија Ѓ.П.), Дашмир Елези (Работнички), Димитар Трајков (Работнички);
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal













