Connect with us

Седлоски знае како се победува Шкотска, ама треба да го пронајде херојот што ќе даде гол, како некогаш Илчо Наумоски (ВИДЕО)

Македонија вечерва ја пречекува Шкотска во третото коло од Лигата на нации, во натпревар кој доаѓа во тежок момент за двете селекции. По првите две кола, ниту Македонија ниту Шкотска немаат постигнато гол.

Историјата на меѓусебните дуели не е на наша страна. Досега Македонија и Шкотска одиграле четири натпревари, со само една наша победа, едно реми и два порази.

Единствениот триумф го остваривме пред повеќе од 18 години. Во септември 2008 година Македонија славеше со 1-0, а херој беше Илчо Наумоски.

Интересно, еден од главните актери во тој натпревар беше токму сегашниот селектор Гоце Седлоски. Тогаш во улога на капитен, денес како селектор, Седлоски ќе се обиде повторно да ја надмудри Шкотска.

Во 2008 година токму тој го изведе слободниот удар по кој топката заврши во дирекот. Откако се одби, Наумоски беше на вистинското место и без многу проблеми ја смести во мрежата за победа на Македонија.

Седлоски тогаш славеше над Шкотите како капитен и лидер на теренот. Сега задачата е многу поинаква – од селекторската клупа треба да го пронајде рецептот за нов триумф.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови