Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, на денешниот брифинг на ФФМ зборуваше за актуелната состојба во националниот тим по одиграните контролни натпревари против Босна и Херцеговина и Турција.
Македонија ремизираше без голови против БиХ, а потоа претрпе убедлив пораз од Турција со 4-0, но Седлоски смета дека овие средби биле добра можност за проверка на поширок круг фудбалери пред претстојните обврски во Лигата на нации.
„На последните два натпревари им дадовме можност на повеќе фудбалери, вклучувајќи и играчи од домашното првенство. Сите добија шанса да се докажат. Внимателно ја следиме и младата репрезентација, бидејќи сакаме да пронајдеме нови решенија и играчи кои во иднина би можеле да бидат дел од сениорскиот тим. Засега нема некое име што нè изненадило, но продолжуваме да работиме на тоа“, изјави Седлоски.
Тој нагласи дека во иднина уште повеќе ќе биде посветен на следење на сите генерации и потенцијални репрезентативци.
„Сега кога не сум дел од Вардар, ќе имам повеќе време да ги следам сите категории и секој фудбалер што покажува квалитет ќе добие внимание. Репрезентацијата е место каде што треба да играат оние што заслужиле со своите настапи и резултати“, додаде селекторот.
И покрај тешкиот пораз од Турција, Седлоски верува дека атмосферата во репрезентацијата останува позитивна и дека тимот ќе биде подготвен за предизвиците што следуваат.
„Турција е исклучително силна селекција и треба да бидеме реални во оценките. Пред нас се натпревари во Лигата на нации кои нема да бидат лесни, но уверен сум дека секој што ќе го носи националниот дрес ќе го даде својот максимум. Најважно е да ги оставиме лошите работи зад нас и да гледаме напред. Верувам дека за македонскиот фудбал доаѓаат подобри денови“, порача Седлоски.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













