Connect with us

Седлоски: Вардар заслужено е повторно на врвот, честитки за фудбалерите!

Најтрофејниот македонски клуб Вардар ја обезбеди шампионската титула коло пред крајот на сезоната, откако со победата од 0-1 на гостувањето кај Струга Трим Лум ја реши трката со Шкендија, против која во последното коло ќе одигра славенички натпревар на Националната арена.

Единствениот погодок на средбата го постигна Стефан Цветковиќ, со што Вардар стигна до недостижна предност од шест бодa и математички го обезбеди врвот на табелата пред последното коло.


Во последниот меч, „црвено-црните“ ќе ја прослават титулата пред својата публика, заедно со навивачката група „Комити“, и тоа токму против големиот ривал Шкендија.

По натпреварот, тренерот Гоце Седлоски истакна дека сезоната била напорна, но заслужено завршена со трофеј:

„Вардар покажа дека е најдобар оваа сезона и заслужено стигна до титулата. Честитки за играчите, кои ги издржаа сите предизвици. Ова е голем успех и враќање на шампионскиот трон по шест години. Заслугите одат кај сите во клубот – раководството, стручниот штаб и фудбалерите. Сега е време за прослава, а потоа продолжуваме понатаму, бидејќи не чека уште еден натпревар против Шкендија“, изјави Гоце Седлоски за МАКФУДБАЛ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови