Connect with us

Седлоски: Сакам да се промени и односот на репрезентативците кон националниот дрес

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, го соопшти списокот на играчи за завршните пресметки во Б сегментот од Лигата на нации, каде „црвено-жолтите“ ги очекуваат дуелите против Шкотска и Словенија.

​Македонија на 13 ноември и гостува на Шкотска, додека три дена подоцна го затвора овој циклус. Сезонава дебитиравме во Б-сегментот, но следното издание си се враќаме во Ц-дивизијата.

Сепак, вниманието го привлече изјавата на селекторот Гоце Седлоски за односот кон националниот однос.

​„Мора да се промени односот. Кога доаѓаш тука, мора да знаеш како да се однесуваш, а јас сум разочаран од играчите. Изгледа како да доаѓаме само на прошетка пред да си заминеме назад во клубовите. Нема веќе простување за никого, се знае како се бори за државата!“, изјави селекторот Седлоски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови