Connect with us

Седлоски: Јас сум одговорен за поразот, сега имам вистинска слика за секој играч…правевме грешки, по кои Турците даваа голови

МАКФУДБАЛ во Истанбул,

Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа убедлив пораз (4-0) од Турција на пријателскиот меч во Истанбул.

Турците доминираа, а селекторот Гоце Седлоски вели дека Македонија направи премногу грешки, посебно во одбраната.

“Загубивме со 4-0, Турција е квалитетна репрезентација, и јас ја преземам одговорноста за поразот. Ова е добра лекција за нас, дресот на Македонија мора да се оправда и кој тоа нема да го прави нема да добива повик. Се чини дека се распаѓаме по примен гол, а тоа не смее да ни се случува. Не бев задоволен од одбраната и затоа направив многу промени на полувремето. Мора да работиме многу, сега имам слика за секој играч и ќе одлучам кој ќе добие шанса и како ќе работиме пред Лигата на нации”, изјаво селекторот Гоце Седлоски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови