Гоце Седлоски после три месеци на клупата на албанскиот клуб Влазнија би можел да си замине, иако успеа да го одведе во Европа, а има и договор што важи за следната сезона. Како што пишуваат албанските медиуми, раководството на Влазнија смета дека тој не е вистински избор за кормилото на тимот.
Седлоски ја почна минатата сезона на клупата на Шкупи, а во текот на сезоната двапати замина од Чаир. На крајот ја прифати понудата на Влазнија заедно со својот асистент Тони Мегленски и имаше успех.
Сепак, албанските медиуми откриваат дека Влазнија сака да ја искористи клаузулата во договорот според која едната од двете страни може да ја раскине соработката во летниот период.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski