Connect with us

Седлоски ја бара идеалната комбинација, Елмас ќе игра во средниот ред

Македонија вечерва ја очекува последниот и веројатно најтежок предизвик во овој циклус од Лигата на нации. Од 20:45 часот во Луцерн, избраниците на Гоце Седлоски ќе ги одмерат силите со Швајцарија, која е голем фаворит на хартија.

По трите порази, македонската репрезентација ќе бара начин да одигра далеку поконкурентен натпревар и со добар резултат да го затвори овој циклус.

Седлоски повторно подготвува промени во составот. Елиф Елмас би требало да се врати во средниот ред, каде ќе биде во комбинација со Матеј Гаштаров и Енис Барди. По крилата се очекуваат Љупчо Дориев и Димитар Митровски, додека Азер Омерагиќ би можел да игра како централен напаѓач.

Столе Димитриевски ќе биде на голот, а пред него би требало да бидат Бојан Илиевски, Дин Аломеровиќ, Ѓоко Зајков и Висар Муслиу.

И Мурат Јакин најави промени во тимот на Швајцарија, но се очекува домаќинот да излезе со сериозен состав. Кобел треба да го брани голот, Јашари и Фројлер да го контролираат средниот ред, а во нападот да започнат Манзамби, Ндоје и Амдуни.

За Македонија ова ќе биде нова можност да покаже карактер против квалитетен противник и да избегне уште еден неуспех во Лигата на нации.

Натпреварот Швајцарија – Македонија се игра од 20:45 часот на „Термоплан Арена“ во Луцерн.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови