Дефанзивецот на Вараждин, Марио Младеновски, повторно ќе биде дел од македонската репрезентација. Новиот селектор Гоце Седлоски му испрати повик за претстојните натпревари на Македонија во Лигата на нации.
Вараждин денеска официјално потврди дека Младеновски се најде на списокот на Седлоски.
„Нашиот Марио Младеновски доби повик за четирите претстојни натпревари на Македонија во Лигата на нации“, објави хрватскиот клуб.
26-годишниот дефанзивец досега има два настапи за сениорската репрезентација на Македонија. Последниот го забележа во 2022 година, кога Македонија одигра натпревар против Саудиска Арабија.
Младеновски сезонава е значајна алка во тимот на Вараждин, каде што со своите настапи повторно го привлече вниманието на стручниот штаб на македонската репрезентација.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













