Connect with us

Седлоски го објави списокот за дуелите со Шкотска и со Словенија, го нема Миовски

Селекторот Гоце Седлоски го објави списокот на македонската репрезентација за последните два натпревари во Лигата на нации, на кои националниот тим ќе гостува кај Шкотска, а потоа ќе ја пречека Словенија во Скопје.

Селекторот направи одредени промени во составот во однос на претходните собири, а во тимот се враќаат неколку познати имиња. Воочливо е дека на списокот го нема Бојан Миовски, напаѓачот на Глазгов Ренџерс, како и дефанзивецот Ѓоко Зајков.

Меѓу повратниците се Дарко Чурлинов, Никола Серафимов, Стефан Деспотовски и Имран Фетаи, кои не беа дел од последната репрезентативна акција.

“Миовски долго време нема минутажа во Ренџерс. Тој не е избришан, кога ќе игра повеќе, сигурно дека ќе има место во тимот. Малку треба и односот да се промени за сите репрезентативци”, изјави Гоце Седлоски.

Дуелите со Шкотска на гостински терен и со Словенија во Скопје ќе бидат последни за Македонија во 2026 година. Нашата селекција моментно е на последното место во групата 1 од Б-лигата, па сè поизвесно е дека во март ќе мора да игра бараж за опстанок во второто по ранг натпреварување на УЕФА.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови