Connect with us

Себастијан Херера беше херој на Борац Бања Лука на дербито со Зрињски

Борац Бања Лука го доби големото дерби против Зрињски со 1-0, а човекот на одлука беше македонскиот репрезентативец Себастијан Херера.

Натурализираниот Македонец погоди во финишот на првото полувреме, во 45. минута, и со својот прв гол сезонава му ја обезбеди победата на тимот од Бања Лука.

Зрињски во вториот дел се обиде да стигне до израмнување, но Борац успеа да ја сочува минималната предност и да запише три исклучително важни бода во дербито од седмото коло.

За Борац ова е значаен триумф во борбата за врвот, а Херера повторно покажа дека може да биде важен фактор и во репрезентативниот, но и во клупскиот дрес.

Во составот на домаќините беше и уште еден македонски репрезентативец. Голманот Дамјан Шишковски, сепак, не доби шанса за настап и натпреварот го проследи од клупата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови