Оваа седмица донесе позитивни вести за тренерот на Интер, Кристијан Киву. Само неколку дена пред дербито со Јувентус, Дензел Дaмфрис се врати на тренинзите и учествуваше во дел од денешната сесија со тимот.
Холандскиот репрезентативец нема настап од 9 ноември, кога заработи повреда на зглобот поради која мораше да биде опериран. Поради тоа ги пропушти последните 13 натпревари на „нероаѕурите“ во Серија А. Сè уште не е познато дали Киву ќе го вклучи во составот за дуелот со Јувентус, но се чини дека е малку веројатно да започне како стартер.
Претходно оваа недела на тренинзите им се приклучија и Николо Барела и Хакан Чалханоглу. Турскиот репрезентативец беше надвор од терените од 11 јануари, додека италијанскиот играч за врска паузираше од 28 јануари.
Според италијанските медиуми, шансите Чалханоглу да се најде во почетниот состав против Јувентус се нешто поголеми во однос на Барела.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го доби дербито со Вардар и заедно со лидерот Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Марјан Радески (Струга Трим Лум)
Струга Трим Лум го доби дербито со Вардар (0-1) во Скопје и ја продолжува...
Автор makfudbal













