Во Фудбалската федерација на Македонија, во присуство на претставници на сите клубови од Прва МФЛ се одржа конститутивен состанок на Одборот на прволигашите. На состанокот на кој присуствуваа в.д. претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, генералниот секретар Филип Поповски и претставници на стручните служби на ФФМ, за претседавач на Одборот на прволигашките клубови беше избран генералниот секретар на ФК Работнички, Ненад Монев.
Одборот на прволигашите треба да биде еден вид премин кон формирање на Здружение на клубовите. На конститутивниот состанок беа донесени неколку поважни заклучоци. Клубовите ќе имаат поддршка од ФФМ во врска со нивните барања поврзани за појаснувања при доделување средства со ваучер системот од страна на владата. Беше истакната отворената поддршка на федерацијата при потенцијалното формирање на здружението на прволигаши. Беше презентирана апликацијата TvIzzy за емитување на најважни моменти од натпреварите во првата лига, како дел од проектот на ФФМ за пренос на натпреварите на својата платформа http://tv.ffm.mk/;
В.д. претседателот и генералниот секретар на ФФМ истакнаа дека вратите на Куќата на фудбалот како и административните капацитети на ФФМ се на располагање на Одборот на прволигаши во секое време.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski