Connect with us

Савињо сака да си оди од Манчестер Сити

Младиот бразилски офанзивец Савињо донел конечна одлука за својата иднина и сака да го напушти Манчестер Сити уште во текот на овој летен преоден рок, пренесуваат медиумите на Островот.

Во изминатата сезона 22-годишното крило не успеа да се избори за статус на стандарден првотимец кај „граѓаните“. Настапи на 36 натпревари во сите конкуренции, постигна четири гола и забележа две асистенции, но собра само 1.502 минути на теренот.

Британските медиуми откриваат дека Савињо веќе го известил раководството на Манчестер Сити за својата желба да замине.

„Бразилецот сака да игра многу повеќе и редовно да биде на теренот за да продолжи со својот фудбалски развој. Во Манчестер Сити се целосно запознаени со неговата намера, но конечната одлука околу евентуалниот трансфер ќе ја донесе клубот“, објави Фабрицио Романо.

Најсериозен интерес за бразилскиот репрезентативец покажува Тотенхем. Според истите извори, лондонскиот клуб го има ставено Савињо високо на листата на желби, а неговите настапи ги следи уште од мај минатата година.

Савињо пристигна во Манчестер Сити во летото 2024 година од Троа, а во октомври 2025 година потпиша нов долгорочен договор што го обврзува со англискиот шампион до летото 2031 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови