Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, добил понуда од Саудиска Арабија за нов предизвик во неговата богата кариера. Според информациите, италијанскиот стратег бил контактиран од Саудиската фудбалска федерација, која сака да го ангажира за селектор на националниот тим.
Анчелоти има договор со „кралскиот клуб“ до крајот на сезоната, но по болното испаѓање од Арсенал во четвртфиналето на Лигата на шампионите, сè погласни се шпекулациите дека разделбата може да се случи уште по финалето на Купот на Кралот, кое ќе се одигра кон крајот на месецот.
Анчелоти е отворен за идејата да преземе улога во Саудиска Арабија. За неговите услуги интерес покажуваат и Бразилците кои сакаат Анчелоти да го преземе кормилото на Селесао по заминувањето на Доривал Жуниор.
Саудиската федерација има амбициозен план за реформирање на националниот тим во пресрет на Светското првенство 2034, кое ќе се одржи токму во оваа земја. Анчелоти се гледа како клучна фигура во почетната фаза на овој долгорочен проект.
Иако Реал Мадрид сè уште нема излезено со официјална информација за евентуалната разделба, можно е претстојните натпревари во Ла Лига против Атлетик Билбао и Хетафе да бидат последните на кои Карло Анчелоти ќе седи на клупата на „Сантијаго Бернабеу“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













